Чешка: Турција не може да размислува за членство во ЕУ

Петричек додаде дека дебатата за тоа се одвива во ЕУ, но она што се случи минатата недела - што ни во случајот на Северна Македонија и Албанија не постигнавме едногласност и не го поддржавме отворањето преговори за пристапување - сугерира дека процесот е заострен.

177

Членството на Турција во Европската унија е passe, изјави шефот на чешката дипломатија Томаш Петричек. Ситуацијата во Турција го спречува напредувањето на преговорите за нејзиното членство.

Во интервјуто за прашки „Новости“ Петричек рече дека има многу пречки за да може сериозно да се разгледува прашањето за членство на Турција во ЕУ. Владеењето на законот во таа земја, демократијата, заштитата на човековите права – тоа се прашања што ја спречуваат Турција да тргне напред во преговорите за членство. Петричек додаде дека дебатата за тоа се одвива во ЕУ, но она што се случи минатата недела – што ни во случајот на Северна Македонија и Албанија не постигнавме едногласност и не го поддржавме отворањето преговори за пристапување – сугерира дека процесот е заострен. Би требало пред сѐ да се свртиме кон земјите од Западен Балкан, а Турција сигурно не е подготвена да размислува за членство.

Коментирајќи ги повиците на некои политичари за исклучување на Турција од НАТО, Петричек е воздржан, велејќи дека за таа работа треба да се разговара на ниво на владата и уставните официјални личности. Тој потсети дека Турција е втора најголема армија и важен партнер во Северноатланскиот сојуз. Точно е дека се слушаат такви гласови, но мислам дека пред се треба да се преговара со Турција за запирањето на воените операции во Сирија.

Во меѓувреме министерот за внатрешни работи Јан Хамачек објави дека Чешка ги суспендирала сите дозволи за извоз на воена опрема на Турција. Хамачек, образложувајќи ја одлуката, рече дека она што се случува на северот на Сирија е неприфатливо и дека треба да биде проследено со силен, обединет и ефикасен одговор на Европската унија.

Инаку, извозот на чешка воена опрема во Турција е дуплиран. Минатата година порасна на 5,4 милиони евра, а меѓугодипниот раст е дуплиран.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...