Сладоледот „Лино Лада“ (Lino Lada), кој го произведува хрватскиот „Ледо“, на натпреварот на „International Ice Cream Consortium“ во Шведска е прогласен за најдобар сладолед на светот.
Она што кај овој сладолед го освоило стручното е неговата единствена форма и иновативен мек прелив, но и фактот дека намазот „Лино Лада“ успешно е пренесен на сладолед.
– Исклучително сме горди на оваа награда и признание со кое Ледо сладоледот е прогласен за најдобар сладолед на светот според мислењето на експертите, односно на глобалните независни произведувачи на сладолед. Да бидеш најдобар во светот е голема чест, како и обврска и во иднина да продолжиме со производството на најквалитетни сладоледи – рекол Марин Полјак, претседателот на „Ледо.
Хрватите сладоледот „Лино Лада“ првпат можеле да го пробаат во април оваа година, кога станал еден од најбараните сладоледи на пазарот.
„International Ice Cream Consortium“ (IICC) е здружение на сите глобални и независни произведувачи на сладолед, чија цел е постојана размена на искуства и стекнување нови знаења преку разни едукации и работилници. Секоја година одржуваат самит во една од земјите членки и се доделуваат награди во разни категории.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин
ФОТО: Фејсбук/Ледо/Принтскрин