Ракометната репрезентација на Северна Македонија на првиот меч од ЕХФ-неделата на гостински терен кај Турција оствари победа со 23:26 (11:15)
Иако без најискусните ракометари и со подмладен состав, играчите на Данило Брестовац немаа поголеми проблеми со домаќините и водеа од првиот до последниот момент на дуелот.
Пешевски со 8 и Поповски со 6 беа најефикасни во „црвено-жолтиот“ состав.
Македонските ракометари утре ќе играат уште еден меч против Италија. Во Скопје пак не очекуваат два натпревари со Грузија (25, 26 октомври) во СЦ „Борис Трајковски“.