На аеродромот во Атина уапсен странски државјанин со проголтани 34 пакувања течен кокаин

202

Речиси еден и пол килограм течен кокаин, во 34 импровизирани пакувања проголтал 36-годишен странски државјанин кој бил уапсен на атинскиот аеродром, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, во рамките на контролата за да се спречи внесување на дрога на територијата на Грција, уапсиле странскиот државјанин, кој од Сао Паоло, преку Рим стигнал во Атина.

При претресот било откриено дека 36-годишниот, преку методот на голтање, во Грција се обидел да внесе 34 импровизирани пакувања течен кокаин со тежина од 1.455 грама.

Дрогата била конфискувана, а уапсениот беше изведен пред јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...