Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“.
– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од нивните бранители, за укинување на притворот донесе решенија со кои предлозите на обвинетите се одбиваат како неосновани – соопштија од судот.
Против овие решенија, Јовановски и Јанева имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.