Усеин Болт прави 4 чекори во секунда, а таа дури 50 (ВИДЕО)

Сахарската сребрена мравка, стручно наречена „Cataglyphis bombycina“, може да прави 50 чекори во секунда.

489

Научници успеаја да ја снимат и измерат брзината на движење на најбрзата мравка во светот, која живее во Сахара.

Tаа може да надмине 85,5 сантиметри во секунда, или должина 108 пати поголема од онаа на своето тело. Тоа е како луѓето да можат да трчаат со 1.000 километри на час.

Сахарската сребрена мравка, стручно наречена „Cataglyphis bombycina“, може да прави 50 чекори во секунда. Само за споредба – Усеин Болт прави четири чекори во секунда.

Харалд Волк, професор на германскиот Универзитет на Улм, и неговите колеги ја снимија брзината на овие мравки со помош на камера над влезот на нивниот мравјалник. Видеото е направено во Тунис.

Причината за нивната необична брзина допрва треба научно да се испита, но Волк смета дека тоа се должи на фактот дека тие имаат малку пократки нозе од другите видови мравки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...