Премиерот Зоран Заев во интервју на Алсат иронично ја коментираше изјавата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Албанци му приоѓале во Гостивар и го гушкале.
– Мицкоски веројатно не го препознал Таравари, може тоа Таравари го гушкал. Дај Боже да дочека Албанците да го гушкаат, но за тоа треба да го промени својот наратив прифатен од неговиот претходник. Веројатно не го препознал, или Таравари бил, или некој од неговиот тим – рече Заев.