Рафаел Надал на првиот настап во Монте Карло го совлада Словенецот Аљаж Бедене со 2:0 во сетови (6:1; 6:3).
Актуелниот најдобар тенисер во светот без поголеми проблеми го победи Бедене во второто коло, a во осминафиналето ќе се соочи со Русинот, Карен Хачанов.
Надал е прв фаворит за освојување на трофејот во Монте Карло.
Шпанскиот тенисер е на добар пат да се сретне во четвртфиналето со Новак Ѓоковиќ, кој претходно го совлада Борна Чориќ.
Фото: EPA-MARK-LYONS.