Заев тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ем „мрчи“ ем „цепидлачи“

1419

ВМРО-ДПМНЕ бега од брзи избори, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата 360 степени на АлсатМ.

Тој вели дека понудиле два датума за во декември, но опозицијата ги одбила.

– Де факто ВМРО-ДПМНЕ не треба да цепидлачи 100 дена да биде Владата. Треба да ја има Пржинската влада. Дефинитивно бегаат од избори. Знаете како: бараме, бараме избори – ние ги понудивме, покажавме демокатска зрелост и сега почнува тоа што го кажав јас, мрчењето. Значи не бива вака, ама законот не бива вака, не знам што ќе кажат граѓаните, ај да продолжиме за на пролет или слично. Дали ќе бидат во декември или ќе бидат на 12 април ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее уште еден пораз затоа што ништо не се промени таму. Тие се исти – вели Заев.

Според него, на последните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ не изгубиле оти ја имале контролата над диктаторската власт, а сега, вели, апсолутно немаат власт да ги контролираат душите на граѓаните како што тоа го правеле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...