На Македонија и е потребна обнова после, овој арамилук кој што се случува веќе трета година по ред. Ветуваме многу работа, ветуваме расчистување со сите оние криминалии кои што се провлекуваа во минатото, расчистување со сиот оној арамилук кој што годините наназад го следат македонското општество, ги следат граѓаните на Македонија, изјави Христијан Мицкоски, по средбата со коалициските партнери.
Toj инормираше дека им предложил на коалициските партнери, Коалицијата „За подобра Македонија“ да се преименува во Коалиција „За обнова на Македонија“, а тоа било едногласно прифатено.
– Ветуваме реформи во многу сегменти и меѓу кои враќање на владеење на правото, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, нула толеранција за криминалот и корупцијата, а потоа како секундарен и терцијален приоритет, економски бум и она што го зборувавме Македонија технолошки тигар на Балканот.Тоа ќе бидат практично столбовите на кои што ќе се темели новата предизборна кампања на веќе новата Коалиција „За обнова на Македонија“ – рече Мицкоски.