Протест пред амбасадата на Франција во Софија и писмо до Макрон за Македонија

1275

Пред амбасадата на Франција во Софија вечерва имало протест поради незадоволството од одлуката на претседателот Емануел Макрон да го блокира почетокот на пристапните преговори за Скопје и Тирана на последниот Совет на ЕУ.

Како што јавува БГНЕС, учесниците скандирале „Бугарија и Македонија под едно небо”, „Не на лицемерието, Да на Македонија”.

Порталот МКД, објави дека демонстрантите напишале и писмо до Макрон во кое го повикуваат францускиот претседател да не дозволува „Република Северна Македонија да биде втурната во политички хаос”.

Претставник на француската амбасада го примил писмото од граѓаните кои протестираа и со кое се повикува Мкрон да ја смени одлуката и да не ја става под ризик иднината и на Балканот и на ЕУ.

ФОТО: БГНЕС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...