Алфа Ромео може да се откажат од партнерството со Заубер, како и од Формула 1 во целост по 2020 година. Изјавата е од новинарот кој ги следи најпрестижните автомобилски трки, Џо Сауард, цитиран од италијанскиот печат. Компанијата влезе во 2019 година како главен спонзор на швајцарскиот тим, но нивната соработка може да заврши наскоро.
– На Алфа Ромео не им оди многу добро на пазарот на автомобили, така што партнерството е малку веројатно да продолжи и по 2020 година. Резултатите на тимот се разочарувачки и работите не се одвиваат добро внатре, иако сите се насмевнуваат кога има камери во близина, вели Сауард.
Тој додаде дека Заубер не сакал да биде сателит на Ферари. Уште повеќе, тимот е во преговори и со Хонда, која ги снабдува Ред Бул и Торо Росо оваа сезона.
Јапонците може да се согласат на партнерство, ако Алфа Ромео се повлече, но тоа ќе биде различно.