Актерот Денис Квејд (65) се сврши со 39 години помладата Лора Савој (26) која е на докторски студии, пишува порталот „Ти-ем-зи“. Според нив, Денис ја побарал 26-годишната Лора за жена минатата недела додека биле на летување на Хаваи.
За врската на актерот и атрактивната студентка се дознало во јуни лани.
Двојката неколкупати се појавила на црвениот тепих на разни настани. Лара докторатот го подготвува на деловната школа Меккомбс при Универзитетот Тексас.
Квејд има сериозно брачно искуство, беше во брак со Пи Џеј Солс, Кимберли Квејд, а најпознат беше неговиот брак со холивудската актерка Мег Рајан.
Мег и Денис важеа за најшармантниот пар во Холивуд и таа титула ја добија сосема оправдано.
Играа и заедно на филм, во „Внатрешната вселена“ во 1987 година.
Меѓутоа, идилата се однесуваше само на надворешната слика пред јавноста. Вистината за нивниот однос го откри Меган по разводот:
– Денис многу долго ме изневеруваше во текот на нашиот брак, што беше многу болно за мене – рекла Мег.
Денис од претходните бракови има три деца. Со Меган го добил синот Џек кој се занимава со глума, а со Кимберли ќерката Зое и синот Томас.