Нов концесионер што што наредните шест години ќе стопанисува со рибниот фонд на Охридското Езеро е фирмата „Летница белвица“, која го доби езерото на користење со изменета риболовна основа. Измените се однесуваат во делот на утврдување на периодот на мрест, времето во кое е дозволен риболовот, намалени се количините на дозволен улов на охридска белвица и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за Охридската пастрмка, белвицата и крапот.
– Концесионерот на средбата рече дека моментално располага со 12 рибочувари со план за зголемување на нивниот број на 40 рибари, како и обезбеден глисер за контрола на езерото. Во тек е постапка за набавка и на глисер за потребите на Државниот инспекторат. Важно е да се вработат уште неколку инспектори имајќи предвид дека со два глисера и повеќе рибочувари ќе се подобри физичката заштита на рибниот фонд во Езерото – рече директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ.
За намалениот рибен фонд во езерото придонесува и слабата контрола на изловот на риба од албанската страна, како и климатските промени.