Април е непогоден. Можноста за попис пред изборите технички е невозможно, рече денеска на прес-конференција директорот на Заводот за статистика Апостол Сиовски, откако вчера лидерите на партиите се договорија во април идната година да се оддржат изборите.
– Станува збор за гломазна организација која не може да се спроведе по април. Не може да одговориме кога ќе се спроведе, тоа е одлука на парламентот, тој треба да одлучи. Не може да влијаеме на ваквите одлуки, тие се легитимни, коректни И ние бевме затекнати вчера со решението. Пописот секако ќе мора да се спроведе. Не сум чул дека некој има намера тој да не се спроведува – рече Симовски.
Според него, најсоодветно е пописот да биде во март или октомври, кога најмала е мобилноста на населението, но дека не би сакал статистичката операција да се развлече до 2021.
Симовски повика Законот за попис на населението што поскоро да се донесе во Собранието за да имам конкретен термин.