Граѓанско демократската унија (ГДУ) со иронија ги коментира последните настани поврзани со недобивањето датум за почеток за преговори на Македонија со Европската Унија.
„ГДУ со нетрпение ги очекува најновите вести од собирот на ‘Друштвото за реафирмирани политики’, особено по повикот на првиот човек на Стопанската комора – да се однесуваме европски! Во тој дух, во духот на дијалогот и соработката, се осмелуваме да сугерираме неколку точки кои мислиме дека позитивно ќе влијаат на
‘Процесот’.
Прво, по секоја цена да се крие сѐ она што се случуваше во Брисел
минатава седмица од министерот за надворешни работи затоа што тој најави
дека после ‘најновиот датум’ ќе почнела вистинската пресметка со
криминалот, корупцијата… итн. Навистина сме заинтересирани како таа
‘епска битка’ ќе ја поведе некому симпатичниот министер за надворешни
работи.
Второ, во интерес на ‘зајакнување на преговарачките капацитети’ на
кабинетот на Бујар Османи, да се вклучат и поранешната специјална
обвинителка и ‘помилуваниот’ пратеник Мукоски, како докажани оператори
со врати!
Трето, сите оние бајки за владеење на правото, непотизмот и корупцијата
во високите владини редови, разните хотелиерски коалиции, дребулиите
врзани за Охрид, УНЕСКО, Матка, бесплатното европско здравство,
квалитетното образование, една изборна единица, отворени листи,
намалување на бројот на избрани и именувани функционери и сл. ситници,
да се субвенционираат во рамките на борбата против загадувањето на
воздухот.
Според ефектите, мислиме дека ние другите, го заслужуваме тоа!“, се наведува во реакцијата на ГДУ.