Милијардерот Фархад Ахмедов и Татјана Ахмедова никако да се договорат околу поделбата на имотот. Поточно, тој никако не се откажува од парите во корист на поранешната сопруга.
Фархад Ахмедов чие богатство е проценето на 1,4 милијарди долари, би требало според одлуката на судот од 2016 година, на сопругата Татјана да ѝ исплати 41,5 отсто од богатството, односно 526 милиони евра.
Но, за три години Татјана добила само 5,8 милиони евра и тоа со жестоко спротивставување на поранешниот сопруг.
Татјана, сепак, не се откажува од намерата „да го добие тоа што ѝ припаѓа“, па со тим од адвокати успеала да „го замрзне имотот на поранешниот сопруг“ (според следните судски чекори, на нејзино име би требало да биде препишана и јахтата на Ахмедов вредна 401 милион евра, а која досега не била дел од пресметката меѓу поранешните сопружници).
Татјана успела и да му ги предаде документите за замрзнување на имотот, по низа безуспешни обиди. Тој ги одбивал нејзините пораки, неговата канцеларија од Москва ги вратила по примањето, но упорната поранешна госпоѓа Ахмедов на крајот документите ги пратила на имелј на Фархад Ахмедов, и сè досега не се вратени.
Следното рочиште е закажано за почетокот на ноември во судот во Лондон.
Оваа бракоразводна парница е една од најголемите и најскапите во историјата на судството на Англија, чии граѓани се Фархад и Татјана од 2000 година.
Татјана за време на бракот со Фархад „била домаќинка и се грижела за воспитувањето на синот единец“.
FOTO: Igor Kubedinov/TASS