Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Твитер објави дека телефонски разговарал со премиерот Зоран Заев со цел да ја реафирмира посветеноста на Алијансата на членството на Северна Македонија.
– Добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за реафирмирање на посветеноста на НАТО на членството на Северна Македонија. Процесот на ратификација е во тек и со нетрпение очекуваме Северна Македонија наскоро да и се приклучи на нашата Алијанса – објави Столтенберг.