Германскиот министер за економија: Во наш интерес е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија и Албанија

378

Интерес на Германија и на ЕУ е што побрзо да почнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија за нивна интеграција во Унијата, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмајер.

Алтмајер кој деновиве доаѓа во посета на Балканот, за германскиот весник „Билд“ вели дека е разочаран од исходот на Самитот на ЕУ во Брисел.

– Во наш интерес е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија и Албанија, признавајќи ги нивните големи напори за демократија и стабилност. Пристапните преговори со двете земји треба да почнат што е можно побрзо – изјави германскиот министер за економија Петер Алмајер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...