На булеварот „Кочо Рацин“, пред крстосницата со улицата „Мирче Ацев“ во Скопје, БМВ удрило две девојки по што возачот избегал но подоцна самиот се пријавил во полиција.
Од ударот С.Т.(21) се здобила со тешки телесни повреди, а А.З.(22) се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.