Хаос по торнадо во Далас, откажани летови, урната зграда, без струја над 100.000 домаќинства и компании

190

Торнадо синоќа го погоди Северен Далас и остави повеќе од 100.000 домаќинства и компании без електрична енергија.

Неповолните временски услови доведоа и до откажување на летовите на аеродромите во регионот.

Невремето предизвика материјална штета во Далас. Нема информации за загинати или повредени. Во делови од населбите во Далас, полицајци и пожарникари проверуваат по домовите во каква состојба се жителите.

Седум лица успеале да се извлечат од урната зграда во северозападниот дел на Далас. Пожарникарите го пребаруваат местото за да проверат дали има настрадани.

Противпожарната служба во Далас соопшти дека примала многу повици од лица повредени од скршени прозорци во нивните домови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...