Српскиот рокер, Бора Чорба, реагираше на написите дека има рак, и кажа дека „Рибља чорба“ подготвува голема турнеја, односно ниту еден настап не е откажан.
Оваа вест ја пренесоа многу медиуми од целиот регион.
– Бора неодамна дозна дека е болен. Единствено решение е операција – изјавил извор кој сакал да остане анономен.
Бора Ѓорѓевиќ реагираше на натписите дека има рак: „Рибља чорба“ не откажала, ниту ќе откаже ниеден настап, на 7 декември сме во Минхен.“
– „Рибља чорба“ не откажала, а нема ни да откаже настап. Напротив, веќе на седми декември сме во Минхен, а во подготовка сме за големата турнеја. Се закажуваат датуми и за во Америка. Веста за откажувањето на концертите е злонамерна и со тенденција да ни го обезвреди нашиот навистина добар албум „Да те нема тебе“ и да внесе несигурност кај нашите фанови и да ги обезхрабри организаторите – изјавил Бора.
– Исто така злонамерно е напишано дека бараме некакви пари. Благодарам на сите кои понудија парични средства, но пари нас не ни се потребни. Сите во бендот сме осигурани.
На крај Ѓорѓевиќ истакнал дека не е тешко болен што се гледа и по успешната турнеја во 25 градови.
На крајот, Бора истакнал:
– Не сум тешко болен, што и се виде на повеќе од успешната летна турнеја во 25 градови, а особено на последните два – 13 септември во Љубљана и на 5. во Виена. Свириме и пееме подобро од кога било. веруваме дека ваквите дезинформации се обид за саботажа на некои лоши луѓе. Во име на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ.