Могерини: Одбивањето на Скопје и Тирана е повеќе од промашена шанса, тоа е историска грешка

620
ФОТО: EPA / IGOR KOVALENKO

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, оцени дека одложувањето на одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија, не е само пропуштена шанса, туку е историска грешка.

Сумирајќи ги резултатите од минатонеделните состаноци на ЕУ во Брисел, Могерини на својот блог во текстот насловен „Две одлуки, една грешка“, истакнува дека шефовите на држави и влади ја одложија одлуката за преговори и покрај извонредниот напредок што го постигнаа двете земји и позитивната препорака од Европската комисија.

– Тоа е повеќе од пропуштена шанса, тоа е историска грешка што се надевам дека наскоро ќе биде поправена – вели Могерини.

За разлика од „грешката“ кон Македонија и Албанија, Могерини како добри ги оценува одлуките на европските лидери за Брегзит и за турската воена интервенција во Сирија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...