Милан испушти победа против Лече

70
ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Во претпоследниот натпревар од 8.коло во Италијанското фудбалско првенство, синоќа во Милано, домашната екипа одигра 2:2 со Лече. Милан секунди го делеа до трите бода, но прими гол во судиското надополнување и освои само бод.

Стрелци на головите за Милан беа Хакан Чалханоглу (20.минута) и Кшиштоф Пјонтек (81). За  гостите реализираа Хума Бабакар (62) и Марко Калдерони (90+2).

Овој натпревар беше прв за Стефано Пиоли на тренерската позиција во Милан.

„Росо-нерите“ со 10 бода се на 12.место, додека Лече има седум бода и се наоѓа на 15. позиција.

ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...