По турбулентната врска со Хана Крос, Бруклин Бекам (20) наводно има нова девојка, пишуваат светските таблоиди.
Станува збор за пет години постарата актерка Фиби Торенс.
Синот на Дејвид и Викторија Бекам, студира уметничко фотографирање во Њујорк и таму неколку пати е „фатен“ со актерката, за која велат дека во минатото работела како двојничка не неговата мајка. Пријателите дури и го зезаат дека е неверојатно колку Фиби во одредени ситуации личи на неговата мајка.
– Бруклин им одговора дека нема ништо едиповско во тоа – изјавил извор близок на Бекамови.
Фиби, пак, на нејзините пријателки, тврдат таблоидите, им раскажувала дека работела како двојничка на Викторија Бекам и така заработила пари за да студира.
– Никогаш не ни помислила дека еден ден ќе ја запознае, Викторија ѝ е идол – рекле пријателите девојката.
Photo: Instagram