Мицкоски: Барам резолуција во Собрание дека не ни паѓа на памет да постапиме по барањата на Бугарија

12106

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по вечерашната лидерска средба во Вила Водно посочи дека барал да не се разговара за теми кои не се во ингеренциите на претседателот туку за она што е и во негова надлежност, како што е одбраната и надворешната политика. Токму затоа ја споменал и резолуцијата која ја донесе парламентот во Бугарија со која Бугарите бараат Македонија да се откаже од македонското малцинство таму и практично, како што вели Мицкоски, да се откаже од македонскиот јазик.

– Јас побарав да заземеме став како политички партии и можеби и ние да донесеме една таква резолуција во нашиот парламент дека тоа е навистина огромна навреда и практично тоа никако не води во подобрување на добрососедските односи туку напротив тоа само ги заострува и се користи позиција за дополнително уценување и условување на нашата држава. На некој од следните состаноци претпоставувам ќе се реотвори ова прашање. Јас навистина инсистирам во рамките на парламентот да се донесе една резолуција, која ќе биде практично одговор на резолуцијата која ја донесе бугарскиот парламент, дека ниту ни паѓа на памет ниту имаме намера ние како ВМРО-ДПМНЕ или како политички партии да постапиме согласно барањата на нашиот источен сосед – изјави Мицкоски.

Што кажа лидерот на опозицијата за другите прашања околу изборите, техничката влада, пописот, изборниот модел и околу „Рекет“, прочитајте ТУКА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...