Избори на 12 април, Заев оставка на 3 јануари (ВИДЕО)

2030

Политичките лидери на средбата во Вила Водно постигнале консензус на 12 април 2020 година да се одржат предвремени парламентарни избори, објави премиерот Зоран Заев по завршувањето на средбата.

Заев рече дека СДСМ предложиле избори на 22 или 29 декември годинава, но опозицијата се спротивставила бидејќи нема време за 100 дена техничка влада пред избори.

Се разгледувале опции за март и април и се согласиле дека 12 април е добар датум бидејќи потоа следува големиот христијански празник Велигден на 19 април, а и почнуваат муслиманските пости.

За техничката влада засега нема детали, но како што рече премиерот, 3 јануари е датумот кога таа би требало да се формира, односно тој да си поднесе оставка, а на негово место да дојде технички премиер од владејачката коалиција, како и технички министри во МВР и Труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ, и тројца заменици во три министерства.

Заев рече дека кој ќе биде технички премиер и други детали дополнително ќе се договараат.

За измените во Изборниот законик, рече тој, не се комплицирани да се имплементираат барем кога станува збор за препораките на ОБСЕ. Што се однесува до промената на изборниот модел, рече Заев, некои се расположени за разговор, некои не, ако може, ќе се договорат околу тоа. Тој е оптимист и го повтори ставот на СДСМ дека тие се за една изборна единица.

Што се однесува до пописот, тој рече дека треба да има и консултации со Државниот завод за статистика и согласно можностите да се одлучи дали тој може да се спроведе пред изборите на 12 април или после изборите.

ИЗЈАВИ НА ДРУГИТЕ ЛИДЕРИ ПО СРЕДБАТА:

Мицкоски по изборите ќе бара одговорност од обвинители и судии за „Рекет“ и ќе носи закон за имот на политичари (ВИДЕО)

Ахмети: Најважно е изборите да се демократски, да се испочитува датумот и потоа да зборуваме за попис

Села: Да не беше мојата потпретседателка, лидерската ќе беше собир на клуб на мажи

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Тачи: На Македонија ѝ се потребни фер и демократски избори

Гаши: На 12 април ќе изгрее ново сонце особено кај Албанците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...