Во претседателската Вила Водно пристигнаа сите лидери кои ќе седнат на заедничка маса по поканата која ја упати претседателот Стево Пендаровски.
Средбата следува откако Македонија не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ побара предвремени избори, а и премиерот Зоран Заев рече дека на лидерската ќе понуди брзи избори.
Затоа од лидерската се очекува да се разговара токму за датумот кога би се одржале избори и кога би се формирала техничка влада. Засега ниту една партија не лицитираше со датум, иако во јавноста се споменуваа декември и март како најпогоден месец.
Покрај Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, на средбата Пендаровски ги покани и лидерите во албанскиот блок: Али Ахмети, Зијадин Села, Африм Гаши, Билал Касами и Мендух Тачи.
По лидерската средба во Вила Водно, Заев вечерва треба да се упати во седиштето на СДСМ на Бихаќка, каде треба да се сретне со помалите партии од коалицијата.
Од коалицијата на Власт, засега јавно ставот го соопшти само НСДП на Тито Петковски од каде реагираа дека големите партии треба конечно да се откажат од праксата на предвремени избори, а ако мора истите да се одржат во јуни после Самитот на ЕУ закажан за мај во Загреб.