Потпретседателката на Собранието и осомничена во случајот Рекет во дело за меѓународниот сојуз Фросина Ременски Ташевска имала два телефони и двата и се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата, пренесува Телма.
Пратеничката имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов односно почнала да го користи на 11-ти јули.
Истрагата за „Рекет“ беше отворена на 15 јули, но тогаш пратеничката не се најде меѓу осомничените. Таа е осомничена во второто продолжение на „Рекет“ кое се однесува на Меѓународниот сојуз, а за кое истрагата се отвори на 9 октомври.