Николоски: Ако Заев не се премислил, денеска да се договориме технички за изборите

648

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, очекува денеска на лидерската да се договорат за техничките работи околу предвремените парламентарни избори.

– Во однос на лидерската средба очекуваме да видиме кој ќе биде дневниот ред, предложен од Стево Пендаровски, од претседателот на државата. Да видиме за што мисли да разговараме. Секако ние мислиме, сакаме и ќе разговараме за предвремени парламентарни избори. Тие мора да се случат. Бегање од нив нема. Зоран Заев до пред неколку дена бегаше. После фијаското кое што му се случи и силниот притисок којшто ние го направивме вчера се согласи на предвремени парламентарни избори. Ако до денес не се премисли, тогаш да се договориме технички за истите. Ако се премисли ќе направиме силен притисок за предвремени парламентарни избори да се случат. Во однос на очекувањата многу едноставно е Република Македонија има изборен законик и има Устав, треба двата да се испочитуваат и да одиме на избори. Тоа што Зоран Заев го имаше на претходните избори, сега треба да го има ВМРО-ДПМНЕ и да одиме на едни чисти, фер и демократски избори – изјави Николоски денеска во Автокоманда, во рамки на редовните активности кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ во акцијата Обнова на Македонија.

Тој не сакаше да лицитира со конкретен датум.

– Датумот за избори е нешто што претпоставувам ќе се договара попладне на лидерската средба. Би било по мене претенциозно сега да говорам за тоа, но кажав треба да се испочитуваат Уставот и законите во Македонија и да одиме на чисти, фер и демократски избори – рече Николоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...