Обвинителот Пановски: „Ла Верита“ лаже, парите на Силјан Мицески беа блокирани неколку месеци!

1614

Обвинителот Наум Пановски, во изјава за Дојче Веле, ги дематира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ во врска со тоа дека премиерот Зоран Заев барал од Вилма Русковска, а таа потоа му наредила на обвинителот да се одмрзнат парите од бизнисменот Силјан Мицевски кои се предмет на истрага во „Рекет“.

– Ниту сум дал таков исказ пред обвинителот Љубомир Јовески, ниту Вилма Рускоска била шеф на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во периодот кога беа блокирани и деблокирани посочените средства, ниту по нечија наредба биле одмрзнати за 48 часа, напротив без блокирани неколку месеци – вели Пановски за Дојче Веле.

Наводите на „Ла Верита“ остро ги отфрли и републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

Весникот тврдеше дека Заев барал Русковска да ги одблокира 750.000 евра кои бизнисменот Силјан Мицевски ги уплатин за проектот за пензионерски домови, пари кои беа уплатени на сметката на пензионерката Лилјана Тодоровска. За тие пари, и таа самата тврдеше дека кога ги подигнала од банка веднаш ги предала на претставници на Меѓународниот сојуз.

За време на истрагата, пишува „Ла Верита“, добивме потврда за фактот дека Управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000 евра извршено во корист на Тодоровска.

Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага.

Сепак, весникот повикувајќи се на свои информации и на сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, тврди дека следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите. Русковска, пак, пишува „Ла Верита“, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...