Албанец преку „Богородица“ сакал да прошверцува 11 килограми марихуана сокриена во бункер во автомобил

104
Фото: МВР

Единаесет килограми марихуана се пронајдени при преглед на патничко возило вчера попладне на граничниот премин Богородица, при што е приведен возачот, 26 – годишен албански државјанин.

На Граничен премин „Богородица“ вчера во 15 часот од слобода бил лишен М.М (26) од Република Албанија, кај кого при преглед на патничко моторно возило„мерцедес Е270“, со албански национални ознаки, во специјално направен бункер службеници на Царинската управа пронашле 13 пакувања марихуана, со вкупна тежина од 11 килограми.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок – наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот Дневен билтен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...