Ќе стасаме на „разводот“ во ЕУ!

1761

Како и да е, драги мои, ние веројатно ќе стигнеме на „разводот“ на ЕУ, или пак, на нејзиниот „погреб“.

А со разводот знаете како е? Таму се расправиите и поделбата на долговите. Најдобро поминаа оние коишто стигнаа на „свадбата“ на Унијата.

Такви сме ние! Ќе одиме малку лево со нереални очекувања дека некој друг ќе ги реши нашите проблеми. Кога ќе видиме дека тоа го нема таму, ќе тргнеме десно …и така во недоглед.

Зошто е така?

Затоа што ние немаме просветена елита, која на народот ќе му каже во кој правец да се движи.

Погледнете го, ви се молам, составот на партиските штабови на локално и републичко ниво и сė ќе ви стане јасно.

Ретко ќе најдете кадар со солидно образование.

Притоа, единствена утеха е фактот дека никој не стигнал толку далеку колку оној којшто незнае кај тргнал?!

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...