Музичар и фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора има рак на простата, пренесуваат денеска српските медиуми. Болеста, наводно, е во доста одмината фаза, и пејачот ќе мора на операција.
Во меѓувреме, откажани се сите настапи на групата. Медиумите во Србија пишуваат и дека Чорба нема доволно пари за лекувањето.