ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да собере сили да ги прифати и да ги поздрави позитивните вести за Македонија што следуваат по објавениот Извештај на Европската Комисија, реагира СДСМ.
– Европската комисија ги препозна напорите на Владата предводена од СДСМ особено во делот на итните реформски приоритети, а Извештајот јасно нотира дека Македонија се враќа на европскиот пат и дека започнатиот реформски процес е отворен, транспарентен и во интерес на сите граѓани.
За разлика од последните години на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога препораката за почеток на преговорите беше суспендирана и условена, а Македонија карактеризирана како „заробена држава“, овој пат препораката е чиста и безусловна, што значи дека Република Македонија го исполнува основниот политички критериум за членство во ЕУ што овозоможува почеток на преговорите за пристапување во членство во ЕУ – соопшти СДСМ.
Од таму додаваат дека со тоа уште еднаш се потврдува исправноста на политиките на парламентарното мнозинство и на Владата предводена од СДСМ.
– Наместо преку неосновани напади да се обидува да фрли сенка на уште еден успех во евроинтеграцијата на државата, ВМРО-ДПМНЕ треба активно да се приклучи кон реформскиот процес и да даде поддршка на реформите што ја движат Македонија напред и се во интерес на сите граѓани, велат од СДСМ.