Ахмети: ДУИ е подготвена, изборите се најдобро решение

431

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите.

– Мислам дека најдоброто решение за нашата земја е да се оди на вонредни избори. Јас би сакаал да не се бара вина бидејќи е неприфатливо да се прифати неправедна вина. Вината не се наоѓа кај земјите аспиранти и најдоброто решение е да се направи нова понуда за граѓаните – изјави Ахмети.

Според него, од недобивањето датум, не треба да се разочаруваме, туку да се организираме и да бидеме поуспешни во почнатите реформи.

– Зошто да ја прифатиме вината која ја немаме направено. Имаше и канцелари од цела Европа кои истакнаа дека грешката е во нив затоа што како ние и Албанија ги исполнуваме сите барањата на ЕУ – наведе Ахмети кој присуствуваше во изборот на новото раководство на ДУИ во Желино.

И НАТО и ЕУ, посочи тој, се изградени врз принципите на консензуалноста.

– Сите се согласија дека тоа се е договорено и оти треба да ги отвориме преговорите, но ние не сме тие што одлучуваме. Франција која не се согласи да даде зелено светло, поднесе една програма, опција што се обидува да ја инсталира и да ги промени политиките на ЕУ за земјите што сакаат да се придружат или отварат преговори. Останува задача на Унијата да дискутира за новата филозофиа која ја предложи оваа земја членка – рече Ахмети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...