Реми на дербито во Ѓорче, кикс на Работнички

54

Македонија Ѓорче Петров и Вардар одиграа 1:1 во дербито натпреварот на 10-тото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Гостите поведоа со голот на Аврамовски, а изедначи резервата на „лавовите“, Јашароски. Иако сакаа, двете екипи во финишот не можеа да дојдат до втор гол, па се задоволија со по еден бод. Работнички е главниот губитник од ова коло, бидејќи на свој терен загуби од новакот Струга, и тоа во комбинација со победата на Борец над Шкупи, ги симна „романтичарите“ на последно место на табелата.

Резултати од денешните натпревари: Борец – Шкупи 2:1, Македонија Ѓ.П. – Вардар 1:1, Работнички – Струга Трим Лум 1:2, Силекс – Ренова 3:0.

На табелата водат Вардар и Акадмеија Пандев со по 21 бод, Македонија Ѓ.П. има 16, а последниот Работнички е со 10. Следното коло ќе биде вонредно и ќе се игра на 23 октомври со почеток во 14.30 часот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...