Професори, судии, поранешни функционери дојдоа на прославата на 80. роденден на професорот Ѓорѓе Марјановиќ на Правниот факултет, на која беше промовирана збирката негови колумни и беше најавенa работата на Фондацијата „Ѓорѓе Марјановиќ“, пренесува СДК.
Александар Марјановиќ, син на професорот, кој е извршен директор на Фондацијата, рече дека Фондацијата не само што ќе се грижи за зачувување на неговото творештво, туку и ќе го продолжи неговиот сон, како што рече „Македонија да ја направиме пристојно место за живееење“. Фондацијата ќе реализира активности поврзани со афинитетите по кои јавноста го познава професорот Марјановиќ – неговата љубов кон книгата, музиката, уметноста, планинарењето, неговите способност за дебатирање.
Меѓу нив, Александар Марјановиќ рече дека ќе биде Школата за идни лидери, која ќе биде непрофитна, бесплатна воннаставна активност, наменета за деца и младинци со програма која ќе опфаќа ораторство, дебатирање, морални вредности и бонтон. Ќе има и програма за книги и читање, за да се развијат комуникациските, односно ораторските вештини кај децата и ќе организираат годишно натпреварување по раскажување и читање.
Фото: СДК/ К. Попов