Британскиот Парламент го одложи гласањето за договорот за брегзит

Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.

251
ФОТО: EPA-UK-PARLIAMENT-JESSICA-TAYLOR

Британскиот Парламент денеска одлучи да го одложи изјаснувањето за новиот договор за брегзит, што беше постигнат помеѓу Лондон и Брисел.

За одлуката за пролонгирање на гласањето се изјаснија 322 пратеници, додека 306 беа против.

Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.

Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат брегзит без договор.

Џонсон изјави дека не сака да преговара со Брисел за ново пролонгирање на Брегзит.

Фото: EPA/UK PARLIAMENT /JESSICA TAYLOR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...