Шекеринска: Само Мицкоски се радуваше за историската грешка на Унијата

536

Само Мицкоски се радуваше на историската грешка на ЕУ. Тоа е таа препознатлива груевистичка матрица, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанска трибина во Струга.

Таа додаде дека СДСМ ќе продолжи со политиките кои обезбедуваат европски стандарди тука, во нашата земја.

– Постои една порака многу јасна и најважна, ние нашето го испорачавме ,Европската Унија направи историска грешка. И тоа е порака испратена од највисоките претставници на Унијата. Со чист образ и многу долга листа исполнети обврски дојдовме во Брисел. Се она што зависеше од нас беше исполнето.Разбирливо е разочарувањето на граѓаните, но едно нешто останува јасно, ова што ни се случи не прави посилни, не прави повеќе убедени дека сме на вистинскиот пат и дека ќе победиме. Затоа од Струга праќаме порака дека веруваме во нашата држава и нашиот народ. Подготвени сме. Веруваме дека нашиот народ ја носи вистинската одука на брзи избори за да продолжиме по прав пат рече – Шекеринска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...