Фудбалерите на мексиканскиот клуб Веракруз не земале плата неколку месеци и одлучија да штрајкуваат неколку минути со тоа што ќе стојат на теренот, а тоа скапо ги чинеше, бидејќи противникот во тие минути без проблем им даде три гола.
Публиката зачудено гледаше што се случува на теренот. Во првата минута не сакаа да играат ниту гостите, екипата на Тигрес, па и тие стоеја. Но, ситуацијата со платите во Веракруз е полоша отколку во Тигрес.
Сепак, домашните се разочарани од односот на ривалот. Во Веракрус не очекувале дека Тигрес ќе им дава голови додека тие стоеја, верувале дека и гостите ќе се солидаризираат со нив, и тие нема да играат. Но, не беше така. Тигрес победи со 3:1, а сите три гола ги даде на почетокот, додека фудбалерите на Веракруз стоеја на терен.