Соломон Паси: Макрон го турка Балканот кон Русија, Турција и Иран

По ветото на францускиот претседател (Емануел) Макрон, неговиот (руски) колега Владимир Путин сигурно нарачал чаша шампањ. Кон кого ги туркаме Македонија и Албанија? Дали ги туркаме во рацете на Русија, Турција, Иран? Само сетете се што се направи претседателот Путин за да ја спречи Македонија на нејзиниот пат кон НАТО - изјави Паси.

307

Одлагањето на почетокот на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, не е во интерес на Бугарија, оцени поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси, потенцирајќи дека стартот на преговарачкиот процес со двете земји „се одложува по трет пат“.

– По ветото на францускиот претседател (Емануел) Макрон, неговиот (руски) колега Владимир Путин сигурно нарачал чаша шампањ. Кон кого ги туркаме Македонија и Албанија? Дали ги туркаме во рацете на Русија, Турција, Иран? Само сетете се што се направи претседателот Путин за да ја спречи Македонија на нејзиниот пат кон НАТО – изјави Паси.

Како што јави БГНЕС, според поранешниот шеф на бугарската дипломатија, сега се прават сериозни напори Србија да остане во сферата на руско влијание.

– Што можеме да сториме со Макрон и со неговата ирационална одлука? Мислам дека министерката за надворешни работи (на Бугарија), Екатерина Захариева може да го убеди и тој да го промени мислењето – смета Паси.

Според него, Бугарија нема никаков интерес Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово „да се вратат назад“.

– Албанија и Северна Македонија еден ден ќе станат членки на Европската Унија, но прашање е со која брзина ќе се случи тоа – додаде Паси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...