Целосно е реконструиран подот во спортската сала во училиштето „Владо Тасевски“. Исто така, обновени се и страничните спортски реквизити и кошовите, соопшти Општина Карпош.
– После долги години, учениците од ова училиште во Козле можат во достоинствени услови да спортуваат, а наставниците да одржуваат настава по физичко образование. Подот во салата беше во навистина лоша состојба и беа оневозможени тековните спортски активности. Денеска, поставена е нова, гумирана подлога која овозможува поголема сигурност за учениците и наставниот кадар, се вели во соопштението.
.