Келерер тврди дека Сафин играл пијан во финалето на „Австралија опен“ 2002 година

154

Некогашниот најдобар светски тенисер, Русинот Марат Сафин, во финалето на „Австралија опен“ во 2002 година играл пијан, барем така тврди Австриецот Даниел Келерер.

Во тоа финале во Мелбурн, Сафин загуби од Томас Јохансон со 1:3 во сетови. Келерер во мај 2011 година, доби доживотна забрана за играње, поради обид за местење на мечеви, а за својата конзумација на алкохол, го обвини Сафин.

– Пиев алкохол во текот на кариерата, но првпат кога наполнив 24 години. Почнав да пијам откако го видов Сафин како пие пред финалето на „Австралија опен“ во 2002 година. Не верував дека тој може да го игра финалето. Се разбира дека во таква состојба беше невозможно да го добие мечот. Неверојатно е колку беше пијан, истакна Келерер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...