Макрон во наредните месеци на гости кај Заев и Рама

Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла, додаде тој.

1883
Photo: EPA / MICHEL SPINGLER POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел поздравувајќи ја храброста на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама најави дека наскоро ќе ги посети двајцата премиери, јави дописникот на МИА од Париз.

Тој денеска на прес-конференцијата истакна дека немало едногласност за датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија. Имало големо мнозинство, но голем број земји кажале „не“ за Албанија.

– Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла, додаде тој.

-Постои „контрапродуктивна и погрешна стратегија за вршење притисок врз Франција и Холандија, особено за прашањето за проширување на Европската унија со Албанија и Северна Македонија, изјави анонимен извор во Елисејската палата.

-Имаше игра на притисок што се чинеше како несакана и која се состоеше во следново: има такви што имаат стратешка визија за нештата и оние што не, вклучително и оние кои не се подготвени да ги отворат вратите за преговорите, беше речено од Елисејската палата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...