Штотуку заврши средбата меѓу владините партнери – премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дознава Плусинфо.
Според изворите, на средбата се дискутирало за новонастанатата состојба во земјата, откако не добивме датум за почеток на преговори во Брисел.
На средбата било констатирано дека Македонија ги исполнува сите услови да добие датум и дека одговорноста не е во Скопје, туку во дел од земјите – членки на ЕУ.
Сугестиите на Ахмети до Заев се Владата да продолжи по патот на реформите и премиерот да не поднесува оставка.
Неофицијално, Заев се уште не донел одлука дали ќе се повлече од премиерското место.