Албански државјанин се здобил со тешки телесни повреди додека работел на градилиште во Скопје.
Како што информира полицијата, вчера во околу 17:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болница „Аџибадем Систина“ со тешки телeсни повреди бил донесен 38-годишниот Х.Л. од Република Албанија. Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи на градилиште на ул. „Македонија’’ во Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.