Заев во комуникација со европските лидери: Поддршка да се продолжи со реформите

Во тек се консултации на различни нивоа, во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел. Одлуките се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните. Штом има одлуки истите веднаш ќе бидат изнесени пред јавноста, велат од Владата за МИА.

1035

Премиерот Зоран Заев оствари комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Јоханес Хан.

Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите, брифираат за МИА од Влада.
Како што велат, сите оддадоа јасно признание за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и дека земјата и граѓаните се целосно подготвени, но дека неколку земји на ЕУ не се подготвени.
Од Влада појаснуваат дека во тек се консултации на различни нивоа, во врска со следните чекори што ќе бидат преземени по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел. Одлуките се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните. Штом има одлуки истите веднаш ќе бидат изнесени пред јавноста, велат од Владата за МИА.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...