Пуџдемон ослободен без кауција

210

Белгискиот суд го ослободи поранешниот лидер на Каталонија, Карлeс Пуџдемон без кауција откако тој утрово доброволно им се предаде на белгиските власти.

Пуџдемон придружуван од неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти, откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење после изрекување на казната за неговите колеги, кои исто така се залагаа за независност на Каталонија

Поранешниот каталонски лидер го отфрлил налогот за апсење и се спротивставил на секој обид да биде вратен во Шпанија.

Сепак, шпанскиот Врховен суд соопшти дека истражен судија ги известил белгиските судски власти дека Пуџдемон нема пратенички имунитет, што би можело да ја спречи неговата екстрадиција во Шпанија.

Пуџдемон, заедно со неколку соработници, избегаа во Белгија во октомври 2017 година, откако беа повикани на суд за обид за отцепување и одржување референдум за независност на Каталонија.

Врховниот суд во Мадрид во понеделникот осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година. Тројца други обвинети беа прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни. Поранешниот премиер на Каталонија, Ориол Џункуерас е осуден на 13 години затвор поради бунт и злоупотреба на јавните фондови за одржување референдум за независност на Каталонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...