Кукли среде Кавадарци упатија силни пораки на европскиот ден за борба против трговија со луѓе

451
ФОТО: МИА

„Ние не сме производ за продажба”, „Украдени луѓе-украдени соништа”, „Жртвата не го бира трговецот,  трговецот ја бира жртвата”, се само дел од пораките испишани врз кукли на градскиот плоштад во Кавадарци, со цел да се подигне свеста и да се превенира ропството на 21 век, а како одбележување на 18 Октомври,  европски ден за борба против трговијата со луѓе.

– Куклите имаат црвени ленти на устите како симбол дека жртвите на трговијата со луѓе како криминал, немаат право на глас. Најчесто жртви се деца и припадници на женскиот пол. Годишно во светот во канџите на оваа трговија влетуваат околу 2,5 милиони лица, од кои половината деца – рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција и претседател на кавадаречкиот Црвен крст.

Учесници во настанот се ученици од средните училишта кои испишаа и транспаренти, поделија и едукативни флаери.

Каракулев нагласи дека организаторите, Полициска станица од општа надлежност и Црвен крст, се меѓу најуспешните во државата.

Особено внимание предизвика пантомимата среде град, со која исто така на еден сликовит начин, се упати порака за злото наречено трговија со луѓе.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...